Премиерот Ковачевски во посета на велешката фабрика Брако

Велешката компанија „Брако“ денеска стартуваше инвестиција од 10 милиони евра. Станува збор за нова производствена хала во која ќе се произведуваат 3.000 тони жичани производи, фотоволтаична централа за потребите на фабриката, како и изградба на нов производствен погон за производство на возила од брендот „Грин Машинс“ и нова Управна зграда на компанијата.

Zito akcija 640x289px

Претседателот на Управниот одбор на „Брако“, Кочо Анѓушев во своето обраќање рече дека новите инвестиции во компанијата значат зголемување на продуктивноста и конкурентноста.

Agria

– Вложуваме во најсовремена технологија која ќе ни обезбеди загарантирано вкупно производство на поцинкувана жица и жичани производи од најмалку 3.000 тони месечно по сите еколошки стандарди. „Брако“ инвестира и во сопствени „зелени“ енергетски капацитети, фотоволтаична централа која што по комплетирањето на изградбата ќе биде со инсталирана моќност од 1,5 MW и ќе задоволува 40 отсто од потребите на електрична енергија на производствените капацитети што ја прави нашата компанија независна и стабилна и во услови на глобална енергетска криза. Вложуваме и во нов погон за производство на возилата од брендот „Грин Машинс“ каде што ќе ги произведуваме новите GM720ze и GM955, комплетно развиени, од концепт до готов производ од инженерскиот тим на „Грин Машинс“ тука во нашата фабрика – рече Анѓушев.

На стартот на инвестицијата присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски  и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, градоначалникот на Велес Марко Колев и и Стопанската комора.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29784/priveden-razbojnik-koj-izvrshi-krazhba-vo-detskata-gradinka/