Денес, пред Ликовниот салон се одржа првата промоција од Поетскиот караван „СТИХУВАЛКИ 2022“, како дел од проектот поддржан од Министерството за култура. Настанот е организиран од издавачката куќа ЕДУКА МАК, во соработка со Локална библиотека „Гоце Делчев“, Народниот музеј Велес и ОЈУДГ „Димче Мирчев“.
Настанот го отвори м-р Ели Маказлиева, носител на проектот, промотивен говор имаа проф. д-р Кристина Николова, проф д-р Елизабета Бандиловска и писателката Лила Арсова. Со свои точки настапија децата од Градинката, учениците од ООУ„ Васил Главинов“ и ООУ„ Св. Кирил и Методиј“. Свои творби застапени во изданието прочитаа роднокрајните автори за деца Атанас Крлевски, Десанка Николова и Наташа Брезовска-Богоевска.
Содржината продолжува под рекламата
Завршниот настан на Петтиот фестивал за деца „СТИХУВАЛКИ 2022“ ќе се одржи во Домот на културата „Кочо Рацин“ Скопје.
Можеби ќе ве интересира: