Опозицијата бара оставка од претседателот на собранието Талат Џафери

Talat Dzaferi
Talat Dzaferi

Јавноста беше сведок на примитивизмот на Џафери, на неговиот однос, навредите и пцовките кон вработените. Во која друга земја функционерите од власта им ги пцујат мајките на вработените во администрацијата? Во ниедна, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Zito akcija 640x289px

„И наместо за таквото свое безобразие да поднесе оставка тој уште и ги обвинува тие кои ги навредувал дека не ги исклучиле микрофоните и заради тоа граѓаните ги слушнале неговите пцовки, вулгарности и неговиот однос кон вработените во законодавниот дом. Тоа е недостојно!“, истакнуваат од опозицијата за спикерот Талат Џафери.

Agria

Како божем да има разлика дали Џафери пцуе пратеник, снимател, собраниски административец или било кој друг чиновник. Ваквите навреди доаѓаат од Џафери и во никој случај не може да се оправдаат, без разлика кон кого се упатени. Џафери треба да си поднесе оставка, а ако имаше грам доблест таа оставка требаше да му ја побара и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски“, додаваат оттаму.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: