Ракометарите на Борец во натпревар од 8. коло од плеј-аут фазата во Првата лига загубија со високи 41:29 од екипата на Металург РА.
Велешани до 27 минута резултатски сѐ одржуваа во игра, иако допатуваа во Скопје со само седум ракометари. Отпрот беше скршен на крајот од првиот дел кога домаќините резултатски се одлипија и на пауза заминаа со убедлива предност од 20:14.
Содржината продолжува под рекламата
Металург РА во второто полувреме драстично ја зголеми својата предност, а ракометарите на Игор Тодоровски поради заморот веќе немаа сили да направат нешто повеќе. Во составот на Борец прв стрелец беше Димитар Минов со десет погодоци, додека кај домаќините најефикасни беа Дамјан Наумовски со осум погодоци, Филип Фидановски и Дамјан Субашевски постигнаа по седум гола.
Можеби ќе ве интересира: