Две физички пресметки биле регистрирани во Секторот за внатрешни работи Велес. Во првиот случај двајца велешани делеле правда околу сопственост на автомобил, по што настанала физичка пресметка помеѓу нив.
„Полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.М (31) и Г.М (29) од Велес затоа што по претходна расправија околу сопственост на автомобил настанала физичка пресметка помеѓу нив. Лицата се задржани во полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок;“ соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот случај 56 годишен велешанец пријавил дека бил физички нападнат, по претходна расправија околу сообраќајот.
Содржината продолжува под рекламата
„Во Полициската станица во Велес М.Т (56) од Велес пријавил дека на ул Благој Ѓорев по претходна расправија околу сообраќајот бил физички нападнат од Т.Ѓ од Велес. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ информираа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: