Незадоволни што немаат континуирано наводнување на лозовите насади, од државата не им биле исплатени субвенции и отштети, а од некои винарии и грозје, група лозари од Тиквешијата денеска протестираа, два часа блокирајќи го патот Неготино – Кавадарци. Велат дека државното водостопанство воопшто не води грижа за исправноста на мрежата, па се случуваат чести дефекти, за чија поправка се чекало со месеци.
Овие лозари се револтирани оти тврдат дека се уште не добиле пари од предаденото грозје кај некои винарии, за кои од инспекторатот им било речено дека биле пред стечај. Тие го повикаа инспекторатот за земјоделие да излезе на терен и да ги заштити лозарите.
Содржината продолжува под рекламата
Лозарите го повикаа министерот за земјоделство Љупчо Николовски да организира средба со винариите, на која тие ќе излезат со информација за откупната цена на грозјето и количината која планираат да ја откупат. Иако се побаравме, до почетокот на овие вести од министерството за земјоделство не добивме став за барањата на овие лозари. Лозарите кои денеска протестираа добија поддршка од функционери на опозициската ВМРО ДПМНЕ, кои се појавија на протестите.
Можеби ќе ве интересира: