Јанчев: Пријави за проект за општинско корисна работа во Кавадарци

mitko-jancev 997x485
mitko-jancev 997x485

Проект за општинско корисна работа ќе се спроведува во Кавадарци, информираа од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. Општината објави јавен повик за заинтересирани невработени лица да се вклучат во проектот.

Zito akcija 640x289px

„Евидентирани невработени лица може да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект ‘Сервис за негуватели на лица со попреченост, лични асистенти за средношколци со попреченост и волонтери за помош на Центарот за достава на храна ,,Банка за храна” до социјално ранливи категории’. Се работи за работно ангажирање со скратено работно време од девет месеци, заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, заинтересираните да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Кавадарци, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

ССодржината продолжува под рекламата

Agria

Од кабинетот на Јанчев појаснија и дека активноста е врз основа на договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување и договорот за соработка, програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општината Кавадарци, во рамките на оеративниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година, усвоен од Владата , програмата Општинско – корисна работа финансирана од буџетот на Агенцијата за вработување.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: