Новата иновација на Мерцедес Ф1 тимот за спасување животи ќе биде достапна за сите

cpap_mercedes_f1

Уредот за дишење „УЦЛ – Вентура“, апарат кој континуирано прави притисок на дишните патишта (ЦПАП), им помага на пациентите заболени од „Ковид-19“ со инфекции на белите дробови полесно да дишат, кога само маска за кислород е недоволна.

Zito akcija 640x289px

ЦПАП уредите се во недостиг во болниците во Велика Британија, така што инженерите од УЦЛ и Мерцедес – АМГ ХПП работеа деноноќно за да го направат уредот, да може да се произведува брзо и во големи количини.

Agria

Овој апарат за помош при дишење беше произведен во брза временска рамка – од идејата до производство на првиот уред беа потребни помалку од 100 часа. Втората верзија на уредот ја намали потрошувачката на кислород до 70% во споредба со првиот модел и доби регулаторно одобрување во Велика Британија минатата недела.

Сите детали што се потребни за да се направи уредот, исто така, сега се достапни за производителите да ги преземаат без никаков трошок на страницата covid19research.uclb.com/product/ucl-cpap. Во лиценцираниот пакет ќе бидат вклучени не само дизајни, туку ќе се специфицираат и материјали, алатки и се што се користи во процесот на брзо производство, како и времето на изработка за секој дел.

Се надеваме дека, со тоа што овие информации ќе бидат широко достапни, ова може да помогне во глобалниот одговор на кризата, со тоа што ќе им овозможи на здравствените системи ширум светот да обезбедат респираторна поддршка за пациенти со „Ковид-19“.

Владите, релевантните производители, академици и здравствени експерти ќе можат да побараат пристап до дизајните, за да обезбедат контрола на квалитетот врз производството. Тие, исто така, треба да исполнуваат регулаторно одобрение во соодветната земја.

„УЦЛ – Вентура“ помина евалуација низ повеќе болници во лондонската област. По наредбата на владата на Велика Британија, 10 илјади уреди се произведуваат со брзина од илјада на ден во технолошкиот центар во Бриксворт, Нортхемптоншир. Во моментов, 40 машини кои нормално би произведувале Ф1 клипови и турбополначи се користат за производство на уредите „ЦПАП“, а целиот објект во „Бриксворт“ е пренаменет да го исполни ова барање.

Професорката Ребека Шипли, директор на Институтот за здравствено инженерство на УЦЛ, рече:

„Овие уреди за заштеда на живот се релативно едноставни за производство и можат брзо да се произведат. Се надеваме дека, со плановите да бидат јавно достапни, тие ќе можат да се искористат за да се подобрат здравствените системи што се подготвуваат за пандемијата „Ковид-19“ на глобално ниво. Благодарноста им упатувам на брилијантните инженери, деловни менаџери и тим на УЦЛБ кои се собраа и направија ова да се случи со темпо што ќе се смета за незамисливо во нормални околности.“

Консултантскиот професорот Мервин Сингер од  УЦЛ Медицина рече:

„Оваа недела видовме дека УЦЛ – Вентура им помага на стотици пациенти со „Ковид-19“ полесно да дишат. Овие уреди можат да помогнат да се зачуваат животи со тоа што ќе се користат вентилаторите, скапоцен извор за најтешко болните. Ние и другите откривме дека значителен дел од пациентите третирани со ЦПАП можат да избегнат механичка вентилација.“

ЦПАП машините се користат рутински од страна на НХС (Британско јавно здравје) за поддршка на пациенти во болница или дома со тешкотии во дишењето. Тие работат со притискање на мешавина од воздух-кислород во устата и носот под постојан притисок, задржувајќи ги дишните патишта отворени и ја зголемуваат количината на кислород што влегува во крвотокот. Обичните вентилатори испорачуваат вдишувања директно во белите дробови, но бараат тешка седација и поврзаност со цевка поставена во душникот на пациентот.

Извор mercedesamgf1

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: