Шарл Мишел денеска во Скопје, причина е францускиот предлог

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска ќе престојува во Скопје во рамки на разговорите за францускиот предлог за преговарачката рамка, објави МИА. Според агенцијата, ова било потврдено од високи дипломатски извори на ЕУ во Брисел. Во минатата недела почнаа консултации за предлогот, пред се со коалициските партнери во Владата, од кои некои веќе позитивно се изјаснија за предлогот.

Zito akcija 640x289px

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна и со лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој повтори дека францускиот предлог е неприфатлив за нив. Во Скопје и синоќа се одржаа протести против францускиот предлог за тргање на бугарското вето на македонските евроинтеграции. Дел од демонстрантите ги турнаа оградите пред Владата во и парламентот во Скопје. Тие фрлаа кон зградите со тоалетна хартија, шишиња и јајца, а дел од нив им подаруваа цвеќиња на полицајците кои го обезбедуваа протестот.

Agria

Владејачката СДСМ соопшти дека го осудува насилството и инцидентите што, како што наведе, вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието. Осуда стигна и од владиниот коалиционен партнер ДУИ. Протестите започнаа во саботата на повик на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. На протестот се придружија и други парти и граѓански организации. Демонстрантите сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Собранието треба да донесе заклучоци кои ќе бидат обврзувачки за Владата и за нив ќе се гласа со просто мнозинство. Во нив се очекува да има препораки кои ќе се однесуваат на заштита на македонскиот јазик и идентитет во пристапните преговори со ЕУ, велат собраниски извори за РСЕ.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/30880/dvajcza-povredeni-vo-soobrakajka-na-patot-kon-rashtani-kaj-veles/