Со новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,078 ден/кг и ќе изнесува 52,649 ден/кг.
Содржината продолжува под рекламата
Од вечерва по полноќ, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 108,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 110,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,649 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: