(ВИДЕО) Борба за планинарскиот дом Папрадиште

Papradiste suma

Љубов на прв поглед. Вака битолчанецот Гоце Глугуровски ја опишува причината поради која пред две години дошол и останал да живее во планинарскиот дом Папрадиште. Станал и домар и се грижи за сите гости.

Zito akcija 640x289px

Но, неговиот рај се заканува да го уништи една одлука со која Општина Чашка бара од концесионерот, невладината Грин Пауер да се исели од објектот. За Глигуровски тоа би било огромна штета, не толку лична, колку за планинарите.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Градоначалникот на Чашка се обидува незаконски да ни го одземе домот, смета Игор Смилев, чија невладина 18 години стопанисува со овој објект. Вели дека имаат важечки договор кој истекува идната година, па нема основ еднострано да се раскинува, кога сите услови од него се исполнети. Тој се сомнева дека некој му фрлил око на домот, во кој Грин Пауер преку европски проекти има вложено десетици илјади евра.

Историјата се повторува, вели Смилев. Вакво нешто им се случило и пред 11 години, кога тогашниот градоначалник се обидел да ги исели. Токму таа одлука сега го прави проблемот. Актуелниот прв човек на Чашка Горан Стојановски вели дека неговиот претходник во 2011 година им го раскинал договорот, а тој морал да ја спроведе таа одлука, која била правосилна.

Според Стојановски до сега за закупнина на домот не се плаќало. Отсега, вели, не само овој, туку и домовите во другите села ќе се издаваат јавно и за нив ќе се наплаќа концесија. Смилев во ова гледа лукративни цели. Најави силна првана битка за домот. Ако ја изгубат, Гоце Глугуровски ќе најде друга планина. Но, вели, планинарите засекогаш ќе го изгубат Папрадиште.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: