21 годишната девојка која беше уапсена на грчкиот остров Миконос, под обвинение за трговија со дрога, е најверојатно ќерка на поранешен градоначалник на Велес, јавува порталот А1он.
Таа заедно со двајца мажи на возраст од 34 и 35 години во средата биле уапсени на грчкиот остров Миконос, под обвинение за трговија со дрога. Од грчката полиција соопштија дека по темелна полициска истрага, било „разбиено јадрото на мрежа на странски државјани кои систематски тргувале со дрога на Миконос“ и меѓу другото биле запленети 437 таблети екстази, 219,8 грама кокаин, 270,9 грама метамфетамин и 155,7 грама канабис.
Содржината продолжува под рекламата
Полицијата подолго време ги следела уапсените кои биле организирани во криминална група, со конкретни улоги, едниот бил набавувач и имал лидерска улога, останатите биле шверцер. 34-годишникот бил водач, по негова наредба, ги упатувал своите соучесници каде да ја чуваат дрогата и како и каде да ја продаваат, додека 35-годишник со помош на впечатливата 21-годишна инфлуенсерка имала задача да ги наоѓа клиентите.
Можеби ќе ве интересира: