Левиот бек Лазар Стојанов по една одиграна сезона во тимот на MРК Борец одлучи да ги промени клупските бои и потпиша двегодишен договор со Металург РА.
Стојанов во сезоната што измина беше најдобриот стрелец на велешкиот прволигаш, постигнувајќи 148 голови делејќи го осмото место на листата на стрелци заедно со Ѓорѓи Ташев од Вардар Неготино во Првата ракометна лига.
Содржината продолжува под рекламата
Во новата сезона Металург РА ќе се натпреварува во Првата ракометна лига Група Б, каде се најде и екипата на МРК Борец.
Можеби ќе ве интересира: