Во текот на вчерашниот ден регистрирани беа нови 411 случаи на коронвирус од 1.153 тестови, од кои 88 реинфекции. Од нив 16 во Велес, оздравени беа шест, со што бројот на активни случаи во Велес се искачи на 75.
Од велешката болница информираа дека се хоспитализирани пет ковид пациенти, сите на инфектиното одделение. Само еден пациент е на кислородна подршка.
Содржината продолжува под рекламата
Поради зголемениот број на ковид случаи, Комисијата за заразни болести в петок ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со коронавирусот во државата. Согласно вчерашната статистика, позитивни се 34 проценти од вкупниот број тестирани.
Можеби ќе ве интересира: