Јусуф Енузи-Кока е осуден на четири месеци затвор за пукањето на плоштадот Скендербег, додека илјадници демонстранти маршираа кон Министерството за надворешни работи.
Тој беше гонет за предизвикување општа опасност, при што е предвидена казна од една до пет години. Одмерената казна е под законскиот минимум. Тој останува во домашен притвор сѐ до правосилноста на пресудата.
За предизвикување општа опасност се гони 40-годишен скопјанец, кој на 6 јули, на платото пред плоштадот Скендербег, со општо опасно средство – пиштол ‘волтер’, модел ‘Р 99’, во калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на групата граѓани, кои учествувале на јавниот собир, обвинетиот во два наврата испукал по два куршума во воздухот“, претходно информира Обвинителството.
Пукањето на плоштадот Скендербег се случи за време на протестите против францускиот предлог.
Можеби ќе ве интересира: