36 годишна жена, држaвјанин на Република Србија го загуби животот во сообраќајната незгода кој се случила ноќеска автопатот А1, правец Градско-Велес.
„На 21.07.2022 околу 02.45ч во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1, правец Градско-Велес, патничкo возило „рено“ со српски национални ознаки, управуван од Г.Ј.(41) од Република Србија, излетало од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди починала сопатничката С.П.(36) од Србија, а Г.Ј и малолетен сопатник се здобиле со телесни повреди констатирани во Општа болница Велес“, соопшти велешката полиција.
Содржината продолжува под рекламата
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Можеби ќе ве интересира: