Гори градската депонија за комунален смет во Велес. Црн чад кој се шири го задагува воздухот и им го отежнува дишењето на жителите од населбите близу депонијата, која веќе поодамна е заградена со метална жица.
Екипи на ТППЕ Велес и на Јавното комунално претпријатие се веќе на терен и го гасат пожарот.
Содржината продолжува под рекламата
Инаку, градската депонија во Велес се пали речиси секое лето со што им го загадува воздухот на жителите од околните населби. Палењето е најчесто поради оставање стакло и пластика кои честопати се самозапалуваат поради високите температури.
Можеби ќе ве интересира: