Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42%, со што бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинуваат за 2 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 2,5 денари за литар.
Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 96,5 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 99 денари/литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 97,5 деанри/литар, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) по 96 денари/литар.
Содржината продолжува под рекламата
Еден нафтен дериват, сепак, поскапува. Цената на мазутот се зголемува за 1,011 денари и ќе изнесува 52,466 денари.
Можеби ќе ве интересира: