Енергетската криза ќе се продлабочи

struja
struja

Дали денешнава енергетска криза е исто толку сериозна како и сличните претходни кризи? Тука особено се мисли на нафтените шокови кои се случија во 1970-тите години? Тоа е прашањето што се поставува ширум светот, при што потрошувачите се засегнати од високите цени, бизнисите се загрижени во однос на снабдувањето со енергија, политичките лидери и централните банки се борат со инфлацијата, а државите се соочуваат со притисоци во нивниот платен биланс.

Zito akcija 640x289px

Во таа смисла, оваа енергетска криза е подеднакво сериозна. Всушност, денешнава криза е потенцијално и полоша. Во 1970-тите години кризата се однесуваше само на нафтата, додека оваа криза денес се однесува на природниот гас, јагленот, па дури и на циклусот на нуклеарното гориво. Покрај инфлацијата, денешната криза го трансформира досегашниот глобален пазар во пазар кој е фрагментиран и повеќе поранлив на пореметувања, со што се намалува економскиот раст. Во комбинација со геополитичката криза предизвикана од војната во Украина, сето ова дополнително ги продлабочува ривалствата помеѓу големите сили на светско ниво.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Денешнава енергетска криза не започна со руската инвазија на Украина, туку таа се случи минатата година, кога побарувачката на енергија се зголеми во моментот кога светот излезе од пандемијата со Ковид-19. Тоа е периодот во кој Кина имаше проблем со снабдувањето со јаглен и цените се зголемија. Глобалниот пазар за течен природен гас (LNG) потоа се заостри, цените вртоглаво пораснаа а истото може да се каже и за цените на нафтата.

Секако дека, со зголемувањето на цените на енергијата, една земја како што е Русија би ја зголемила продажбата на природен гас на својот главен клиент, Европа, и тоа во количини кои се поголеми од договорените минимални количини. Наместо тоа, таа се придржуваше до договорите, иако можеше да произведе значително повеќе од тоа. Во тоа време, се чинеше дека Русија се обидува да присили зголемување на цените но наместо тоа, Кремљ, можеби, се подготвуваше за војна.

Од причина што Европа беше зависна од Русија со околу 35-40% од нафта и природен гас кои потекнуваат од оваа земја, Путин претпостави дека Европејците ќе протестираат против воената инвазија, но дека сепак, на крајот, тие ќе се држат настрана. Фиксиран на неговата самоназначена мисија на обнова на она што тој го смета за историска империја на Русија, тој сепак не предвидел каков ќе биде одговорот на Европејците на неиспровоцираната војна во соседството.

Ако гледаме перспективно, има вкупно пет фактори би можеле да ја влошат сегашнава енергетска криза. Прво, Путин отвори втор фронт во овој конфликт со намалување на договорените количини на природен гас што Русија ѝ ги испорачува на Европа. Целта е да Европејците да не складираат доволно залихи за следната зима и да се зголемат цените, создавајќи со тоа економски тешкотии и политички раздор. Во неговиот говор во месец јуни во рамките на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин јасно го кажа она што го мисли: „Општествените и економски проблеми што се влошуваат во Европа“ ќе ги „поделат нивните општества“ и „неизбежно ќе доведат до популизам… а со тоа и до промена на елитите на краток рок.”

Како што сега стојат работите, Германија предвидува дека ќе има потреба од рационализирање на потрошувачката на гас, а министерот за економски прашања на оваа земја, Роберт Хабек, предупредува за „зараза во стилот на Леман“ (се мисли на финансиската криза од 2008 година) ако Европа не може да се справи со сегашниве економски нарушувања кои се предизвикани од енергетиката.

Второ, еден нов или обновен нуклеарен договор со Иран е нешто што е малку веројатно дека ќе се случи. Па така, санкциите кон оваа земја нема да бидат укинати – а тоа значи дека во скоро време иранската нафта нема да тече на светските пазари.

Трето, иако Саудиска Арабија може да го зголеми производството на нафта со цел да помогне во „стабилизирање“ на нафтените пазари а во врска претстојната посета на американскиот претседател Џо Бајден, сосема е веројатно дека тоа нема да се случи бидејќи се чини дека во Саудиска Арабија (или во Обединетите Арапски Емирати) не постои голема количина на дополнителна нафта што би можела да се произведе на краток рок. Во меѓувреме, многу други земји извознички на нафта не можат ниту да се вратат на своите претходни нивоа на производство, поради недостаток на инвестиции и потребите од одржување од периодот со пандемијата.

Четврто, кинеската побарувачка за нафта е значително намалена поради заклучувањата кои имаат за цел „нула-Ковид“ а кои остро ја ограничија економската активност на оваа земја. Сепак, ако таа ги укине многубројните ограничувања, она што ќе следи е значително зголемување на потрошувачката и побарувачката на нафта.

И на крај, колку и да е тесен пазарот за сурова нафта, постпи уште поголема таква затегнатост во секторот за рафинирање на нафта кој произведува бензин, дизел и авионско гориво т.е. гориво кое вистински се користи од луѓето. Овој сектор се разви во една комплексна структура која е светски систем со силна меѓусебна поврзаност. Русија беше таа која ги рафинираше производите што ги испорачува во Европа, додека Европа беше таа која го испраќаше бензин што не ѝ требаше до источниот брег на САД, и така натаму.

На некои места, системот вложи максимални напори – американските рафинерии, на пример, веќе работат со капацитет од околу 95%. Но, системот во целина сè уште не може да фати чекор со побарувачката. Руските рафинерии само делумно функционираат, лишувајќи ја Европа од нафтени производи; а во Северна Америка не стигнува доволно бензин од Европа. Кинеските рафинерии работат со помалку од 70% од капацитетот. Околу четири милиони барели дневен капацитет за рафинирање нафта се затворени ширум светот поради пандемијата, новите регулативи и проблемите со економијата. Ако го додадеме на ова и ризикот од несреќи, лошите политички одлуки и ураганот кој ги „однесе“ рафинериите кои се наоѓаат во американскиот залив, можно е ситуацијата да се влоши уште повеќе.

Во таа смисла, неколку земји сепак би можеле да го зголемат производството. Канада, инаку четврти по големина производител на нафта во светот, по САД, Саудиска Арабија и Русија, би можела да обезбедат дополнителни барели нафта во соработка со својот главен пазар – САД. Американското производство на нафта од шкрилци исто така повторно зема замав и тоа може да придонесе со 800.000 до еден милион барели на ден ново производство во текот на оваа година, што е многу повеќе од дополнително производство на нафта кое го овозможува целиот остаток од светот заедно.

Други фактори кои би можеле да ја ублажат кризата се промени во цените и начинот на кој реагираат потрошувачите. Во месец мај, побарувачката за бензин во САД беше за 7% помала во споредба со мај 2019 година, инаку време пред пандемијата. Сепак, една од причините за тоа е фактот што поголем број на луѓе сега работат од дома.

Економското забавување, исто така, е нешто што може да ги намали цените. Најновиот глобален на S&P индекс за набавка укажува на слабеење на економскиот раст, при што производната активност во САД „се намали… и тоа до степен кој е надминат само двапати“ – во екот на заклучувањето на пандемијата и за време на финансиската криза во 2008 година. Исто така, европскиот раст нагло има забавено до најмало можно ниво во последниве 16 месеци. Ваквото забавување може да ја намали побарувачката и исто така да ги намали цените и на енергијата. Притоа, се разбира, тие исто така ќе ги зајакнат западниот сојуз и народното единство.

Следниве шест месеци ќе бидат критични важни и ќе ја стават на тест способноста на Европа за тоа дали ќе може да маневрира низ претстојната зима. Во она што Хабек го нарекува „горчлива“ но „неопходна“ одлука, Европа ќе треба да користи повеќе јаглен. Во тешките месеци што претстојат, ќе биде потребна поголема и поинформирана соработка помеѓу државата и дејноста која управува со енергетските текови од кои зависат современите економии.

Блог на Даниел Јергин за Республика

https://respublica.edu.mk/blog/politika/energetskata-kriza-kje-se-prodlabochi/.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: