Вчера во 22:24 часот појавен е пожар помеѓу селата Бузалково и Сливник,соопшти Центарот за управување со кризи. Во гаснењето на пожарот интервенирала екипа од ШС Бабуна од Велес.
Во 04:30 часот пожарот е ставен под контрола. Во тек е гаснење на поедини жаришта во опожарениот дел.
Содржината продолжива под рекламата
По процена на ангажираните лица заради големата површина и зголемувањето на температурите има можност пожарот да се обнови. За настанатата состојба известени се ТППЕ Велес.
Можеби ќе ве интересира: