Реклама

Двајца иноватори направија уред за дезинфекција на простории што работи со УВЦ зраци

Двајца млади иноватори од Свети Николе со својот изум се вклучија во борбата против корона вирусот. Направија уред за дезинфекција на простории што работи со УВЦ зраци. Апаратот го склопиле за неколку денови. Првиот ќе го донираат на општина Свети Николе, но останатите што планираат да ги изработат се наменети за инфективните оддели, но и за другите медицинските установи во државата.

Zito akcija 640x289px

“Станува збор за уред кои со силни УВЦ зраци за кратко време ја дезинфицира просторијата и ги елиминира вирусите и бактериите. Конструиран е да биде мобилен, лесно се движи низ просториите , има сопствено напојување и ви фи контрола со далечинско или мобилна апликација” објасни повеќе за уредот Ивица Поцков

Agria

“Деловите се сите од тука, сите околу нас што ги имавме ги склопивме во еден уред, за да добиеме една целина на електронски делови и апарати кој што ќе биде функционална” рече Никола Глигоров

Ивица и Никола велат дека дејството на УВЦ зраците е докажано наа светско ниво и веќе постојат слични  уреди во светот, но тие е неподвижни и користат електрична енергија. Важно е само велат тие, просторииите што се дезинфицираат да бидат празни без пациенти за да нема последици по нивното здравје. Инаку двајцата иноватори со годни работтат заедно и веќе почнае постапка за патентирање на некоку свои изуми. Последен проект им е прочистстувач на  воздух.

“Во моментот работиме на филтер за прочистување на воздух, кој ќе биде употребуван за надворешна средина. За елиминирање на гасови и ПМ честички. Зафаќа голема површина, и има цел да се инсталира на високо фрекфентни места” рече Ивица Поцков

Од општина Свети Николе велат дека се задовилни што младите иноватори се вклучија активно во борбата против корона вирисот. Група ентузијасти помогнале и при поставувањето на автоматски пумпи за еезинфекција на автомобили на троте влезови во градот.