Благој Петров нов тренер на ФК Борец, негов заменик младиот Маријан Јаковлевски

FK Borec
FK Borec

Фудбалскиот тим на Борец со поинаков план ги одработува подготовките пред Втората лига. Тимот кој испадна од прволигашкото друштво во ланската сезона ќе има нов тренер, нема да биде оној кој беше планиран од Србија, пренесува gol.mk.

Zito akcija 640x289px

Хаџи Стефан Ристиќ тргна со Борец, но во иднина нема да биде дел од клубот. Одговорноста за култниот велешки клуб ја преземаат Благоја Петров кој ќе биде прв тренер, а помошник ќе му биде Маријан Јаковлевски, координатор на младинската школа на Борец Јуниор.

Agria

Веќе е скроена и екипата за следната сезона во ВМФЛ. Во екипата ќе бидат искусните Александар Панов, Милан Чичевски, Стојанче Костадинов, Кирил Ивановски и Мартин Камчев, а вклучени се и млади имиња кои доаѓаат од Велес, тоа се Игор Перчинков, Дамај Талков и Андреј Димовски.

Од останатите играчи тука се уште Матеј Јаневски, Ѓорѓи Поповски, Артан Чилафи, Борче Димовски и Метин Керими. Борец активно тренира, но се водат преговори и со уште најмалку пет до шест играчи кои се посакуваат во првиот тим на Петров.

Mожеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: