Со каков состав, и со какви амбиции ќе влезе женскиот фудбласки клуб Борец во новата сезона не се знае. Продолжува егзодусот на најдобрите фудбалерки на клубот.
По Александра Јовановска која замина во Дојран во екипата на Истатов и Елма Шемсовиќ која потпиша за Саса, Жељана Максимовиќ е нов играч на Деспина од Прилеп, а покрај неа, наскоро се очекува потврда и за Николина Батиниќ.
Содржината продолжува под рекламата
Женскиот фудбалски клуб Борец минатата сезона ја заврши на шестата позиција со освоени 39 бода. Заедно со одбокајрскиот клуб Борец се единствени кои го претставуваат градот во прволигашките конкуренции.
Можеби ќе ве интересира: