Еден пациент од Велес на 85 годишна возраст ја загуби битката со коронавирусот, информираше Министерството за здравство. Според податоците на Институтот за јавно здравје во последните три дена регистрирани се 24 нови случаи на ковид-19 во Велес, а оздравени се 20 пациенти. Активниот број на ковид случаи во градот е 118.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена, направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни (889), регистрирани се 199 реинфекции, а регистрирани сe 1.228 оздравени пациенти.
Содржината продолжува под рекламата
Досега во земјата се направени вкупно 2.136.393 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 335.451, бројот на оздравени пациенти е 322.468, на починати е 9.424, а бројот на активни случаи изнесува 3.559.
Можеби ќе ве интересира: