Реклама

Венко Филипче во изолација

dimitrievski-filipce

Во домашна изолација од денеска е ставен министерот за здравство Венко Филипче. Тој оди во карантин, откако е позитивен тестот за коронавирус на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. Министерот Филипче вчера беше во Куманово и се сретна со градоначалникот на овој град. Заедно со него, во посета на Куманово беа и премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за образование Арбер Адеми.

Zito akcija 640x289px

Освен Филипче, во домашна изолација ќе бидат и другите членови на владата.

Agria

„По информацијата дека градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово на кој присуствував и јас, е позитивен на Ковид-19, од денеска ќе бидам во домашна изолација. На состанокот ги почитував сите протоколи за заштита и носев заштитна опрема исто како и останатите присутни. Ги очекувам епидемиолозите од Институтот за јавно здравје кои освен со мене, ќе направат епидемиолошки анкети и со сите други функционери во Владата кои вчера беа присутни на состанокот. До добивање на епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување останувам во изолација“, напиша министерот Филипче на својот фејсбук профил.

Тој вели дека ваквата ситуација ја земале предвид и се подготвувале за ова сценарио.

„Работата на Министерството за здравство продолжува да се одвива непречено, а јас и од изолација останувам во редовна комуникација со комисијата за заразни болести и сите останати инволвирани во овој процес и продолжувам да ги координирам сите процеси во справување со кризата. Како и досега, Министерството за здравство редовно и навремено ќе информира за состојбата со коронавирусот во земјата, а прес-конференциите ќе ги правиме преку достапните онлајн платформи за оваа намена. Во текот на денот ќе се воспостави техничка можност за ова за да нема застој во однос на информирањето“, вели министерот Филипче.