Приведен велешанец кој бил баран со потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Велес. При преглед кај него бил пронајден и одземен хероин.
„На 25.08.2022, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.Д.(42) од Велес. Тој бил баран со потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Велес. При преглед кај него бил пронајден и одземен хероин“, информираат од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Лицето е предадено на надлежната казнено поправна установа, а против него ќе биде поднесена и соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: