Градоначалникот на Велес Аце Коцевски упати честитка до сите граѓани кои го слават христијанскиот празник Велигден и ги замоли во текот на празникот, поради ширењето на коронавирусот, да се воздржат од традиционалниот начин на следење на богослужбите, свечените литургии во храмовите.
„Имајќи предвид дека согласно Верата, Велигден, односно Пасха означува и Премин или Ден на спасение, најчовечки топло и најдлабоко искрено, без намера да ги повредам Вашите верски чувства или да влијаам на верските убедувања, Ве замолувам во текот на утрешниот ден да се воздржите од традиционалниот начин на следење на богослужбите, свечените литургии во храмовите и посетата на вечните почивалишта на Вашите најблиски. Свесен сум дека оваа моја молба, кај некои од Вас ќе наиде на негодување или неодобрување, од некои ќе ми биде судено дека сум еретик или ќе биде оценета како барање преголема жртва. Но, Вие верниците, најдобро знаете дека жртвувањето за ближните е одлика на христијанството“, рече Коцевски во четститката по повод Велигден.
Погледнете ја велигденската честитка на градоначалникот на Велес Аце Коцевски: