Реклама

Дали пушењето марихуана влијае врз здравјето во време на пандемија?

Здравствените експерти открија дека пушењето марихуана, дури и повремено, може да го зголеми ризикот од тешки компликации со Ковид 19.

Zito akcija 640x289px

“Кога пушите канабис, тоа на вашите дишни патишта предизвикува одреден степен на воспаление, многу слично на бронхитис, како што може да предизвика и пушењето цигари”, изјави директорот на Американското здружение на пулмолози, д-р Алберт Рицо.

Agria

Додека професорот Мајкл Глас, портпарол на Здружението, истакна дека сувата кашлица е клучен знак на Ковид 19, а секое кашлање предизвикано од пушењето марихуана лесно може да се помеша со таквиот симптом, со што се отежнува дијагнозата.

Пушачите, лицата со хронични опструктивни болести на белите дробови, како и лицата со умерена до тешка астма, спаѓаат во ризични групи кои можат да имаат потежок облик на коронавирус, вклучително и ставање на респиратор.