Како гром од ведро небо доаѓа најновата информација од Чаир дека Гоце Седлоски се враќа на кормилото на Шкупи. Не, не е шпекулација, туку дефинитивно Шкупи повторно ќе биде воден од тренерот кој впрочем и ја донесе титулата лани на Чаир.
По само неколку дена откако Седлоски замина, сега тој повторно се враќа на Чаир како одлука со која ќе се решат во моментов сериозните проблеми пред се на резултатски план.
Неговиот помошник Тони Мегленски ја водеше екипата на гостувањето во Кавадарци при вчерашниот пораз од Тиквеш од 3:1, а од утре Седлоски се враќа на тренинг.
Ова е дефинитивно потег на управата на Шкупи кој е најмалку безболен, затоа што преговорите со неколку тренери вчера и денеска не завршија успешно. Со овој потег Шкупи си создава ситуација „мир во куќа“ и во следниот период ќе се обиде да го анулира бодовниот минус кој е создаден зад лидерот на ПМФЛ табелата Струга Трим Лум.
Извор: sportdemia.mk
Можеби ќе ве интересира: