Летната пауза помина, дојде време за новите возбудувања во женската фудбалска лига на Македонија. Новата сезона во женската фудбалска лига се очекува да понуди голема битка за тронот кој го брани Љуботен од Тетово, а го напаѓаат Каменица, засилената екипа Деспина Прилеп, како и минатогодишниот вицешампион Тиверија.
Драстично ослабената екипа на Борец првенството ќе го започне со натпреварот во Прилеп, кај екипата на Деспина.
Содржината продолжува под рекламата
Од клубот си заминаа Елма Шемсовиќ во Каменица, Максимовиќ и Батиниќ потпишаа за Деспина, додека Александра Јовановска ги засили редовите на Истатов. Какви се амбициите на клубот кој во летниот период ги загуби најдобрите играчи допрва ќе видиме.
Можеби ќе ве интересира: