Висок пораз на стартот од сезоната забележа женскиот фудбалски клуб Борец. Во Прилеп тие беа совладани со високи 8:0, од аспирантот за висок пласман екипата на Деспина, иако на полувреме губе сао само 1:0.
Хет-трик постигна Милеска, Тасева постигна два погодоци, а мрежата на велешанки ја тресеа и Настеска, како и довчерашните фудбалерки на Борец, Максимовиќ и Батиниќ.
Содржината продолжува под рекламата
Велешанки до 55 минута достојно одолеваа на домаќининот, но поради пад во играта од 71 минута до крај примија шест гола.
Можеби ќе ве интересира: