Крај на една брилијантна кариера, Роџер Федерер стави крај на активното играње тенис

Federer

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Роџер Федерер, потврди дека се повлекува од тенисот!

Zito akcija 640x289px

Освојувачот на 20 Грен слем титули потврди дека Лејвер купот ќе биде последниот турнир на кој ќе игра професионално и дека после тоа нема да игра тенис на највисоко ниво, на Грен слем и АТП турнири.

Agria

Федерер им се заблагодари на сите, од семејството, сопругата Мирка, преку родителите, членовите на неговиот тим, но посебно место во благодарницата зазедоа неговите противници.

„Многу сум среќен што одиграв многу епски натпревари, кои никогаш нема да ги заборавам. Се боревме фер, со страст и голем интензитет и секогаш се трудев да ја почитувам историјата на играта. Јас сум исклучително благодарен за вас. Се мотивиравме и го подигнавме тенисот на повисоко ниво“, напиша Федерер.

„Веќе имам 41 година и тенисот ми даде многу повеќе од тоа што сонував, но факт е дека моето тело повеќе не може да ги издржи напорите и затоа принуден сум да му кажам збогум на тенисот, барем што се однесува на официјалните АТП-турнири. Мојот настап на Лејвер-купот идната недела ќе ми биде последен“, објави Федерер.

Со заминувањето на Федерер во пензија завршува не само една славна ера на Швајцарецот, туку завршува и ерата во која тој заедно со Рафаел Надал, кој има 22 гренслем-трофеи и Новак Ѓоковиќ кој има 21 трофеј на најголемите турнири одбележаа еден период кој веројатно никогаш нема да се повтори.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/32791/szo-se-blizhi-krajot-na-pandemijata-no-seushte-ne-e-gotovo/