Реклама

(ФОТО) Искосена е тревата во „Паркот на срцата“ на езеро Младост

Два дена по нашата објава дека инклузивниот „Парк на срцата“ на езерото Младост е обраснат и запуштен, денеска објектот има нов лик, откако е искосена високата трева. Сега овај парк, кој е многу посетуван од децата, повторно е пристојно место за игра и забава.

Zito akcija 640x289px

Сепак, останува впечатокот дека ако ја немаше реакцијата од медиумите, „Паркот на срцата“ ќе ја дочекаше зимата во очајна состојба. Сега, останува уште да се работи на свеста на граѓаните за чување на јавното добро, откако беше забележливо уништување на урбаната опрема во паркот. Но, ова не е проблем само тука, туку буквално секаде во градот и околината, каде што јавните површини се облагородуваат со урбана опрема.

Содржината продолжува пшод рекламата

Agria

Инаку, „Паркот на срцата“ е дел од проектот „ИНКЛУЗИВЕН СМАРТ ТУРИЗАМ – рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“, кој го реализираше Центарот за развој на Вардарски плански регион и Општина Велес, а е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерство за локална самоуправа и Општина Велес. Беше отворен на 15 август минатата година.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/32757/foto-obrasnat-i-zapushten-parkot-na-srczata-na-ezero-mladost/