Започна 19 издание на Фестивалот на античка драма Стоби

Festival Stobi 2022
Festival Stobi 2022

Во Велес вчера започна 19-тото издание на Фестивалот на античка драма Стоби. Љубителите на театарот во следните две недели ќе имаат можност да видат неколку квалитетни претстави од домашната и од странската тетарска сцена. 

Zito akcija 640x289px

Фестивалот беше отворен со претставата „Антигона“, според Софокле, во режија на Диего Де Бреа, продукција на Београдско драмско позориште од Србија. Под мотото „Во нови слики“ фестивалот ќе трае до 1 октомври.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во официјалната селекција на 19. ИФАД „Стоби“ се претставите „Ифигенија“, според Еврипид, во режија на Зоран Ракочевиќ, настаната во копродукција меѓу „Корифеј театар“, ЦК „Колашин“ и ЦК „Бјело Поље“, сите од Црна Гора; „Одисеј“ од Александар Секулов, според Хомер, режија на Диана Добрева, продукција на Драмскиот театар „Н. О. Масалитинов“ од Пловдив, Бугарија; „Еден Едип“, по авторски текст на А. Н. Роса, во режија на Југ Ѓорѓевиќ во Народниот театар од Ниш; „Пандорината кутија: наследството на ќерката“ од Ришард Ниечим и „Медиа Артес“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: