Одлуката за продолжување на кризна состојба во енергетиката на дневен ред на денешната собраниска седница

struja
struja

Одлуката за продолжување на кризната состојба во делот на енергетигата е ставена на дневен ред на денешната 86. собраниска седница Според владиниот предлог, кризната состојба на територија на цела држава треба да биде продолжена до 30 април следната година.

Zito akcija 640x289px

За Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба во делот на енергетиката вчера расправаше собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Agria

Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, прогласувањето на кризна состојба ќе овозможи механизми за справување со енергетската криза.

„Имаме доволно аргументи за да побараме шест месеци период на енергетска криза, бидејќи сметам дека граѓаните заслужуваат соодветно да бидат испочитувани со соодветни мерки за најмалку да ја почувствуваат кризата“, рече Битиќи на вчерашната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.

Во случај Собранието да одлучи дека не треба да се продолжи кризната состојба, посочи Битиќи, можноста навремено да се интервенира, ќе биде невозможна.

Опозицијата обвини дека Владата не носи соодветни и навремени мерки за справување со кризата, а министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на ваквите обвинувања ги повика пратениците од опозицијата да излезат со конкретни мерки за надминување на кризата.

Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба до 30 април 2023 година беше утврдена на владина седница на 13 септември, а ако го помине собранискиот филтер, треба да почне да се применува од 1 октомври.

На денешната седница пратениците треба да расправаат и за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

На дневен ред се и Предлог-измените на Законот за финансиска дисциплина. 

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: