Кеги моби со пораз го започна првенството. Иако имаа водство од 2:0, а потоа и 5:2, гостите од Скопје екипата на Железарец со голем пресврт во последните 10 минути ги однесоа трите бода од Велес и победија со 5:6.
Првото полувреме им припадна на велешани, кој со погодоците на Ивановски во 4 минута, и Трајчев во 12 минута имаа водство од 2:0. На стартот од вториот дел гостите со два брзи погодоци преку Блажевски и Кајсторовски во 22 и 24 минута го израмнија резултатот.
Содржината продолжува под рекламата
Домаќините брзо го вратија водството па со автоголот на Блажевски во 25, Плакиќ во 26 и Левков во 27 минута. Гостите по тајм аутот на Астарџиев заиграа на се или ништо. Тоа им се исплатеше и со головите на Цветковски во 30, Даиловски во 31 минута и двата погодоци на Блажевски во 33 и 39 минута дојдоа до целосен пресврт на овој меч.
Кеги моби во наредното коло го пречекуваат составот на Енхалон од Струга. Головите од натпреварот Кеги Моби – Железарец може да ги погледнете тука.
Можеби ќе ве интересира: