Познатиот ракометен тренер Андон Бошковски, почина синоќа на 47. годишна возраст.
“Со длабока тага и неверување Ве информираме дека ненадејно почина Андон Бошковски – Доне.
Сочувство до семејството, нека почива во мир“, објави на својот профил на Фејсбук Ракометната федерација на Македонија.
Во кариерата беше тренер во Металург, Вардар, Струга, Голден Арт, Радовиш. Последниот ангажман го имаше на Косово, во екипата на Вуштриа. Во периодот од 2008 до 2013 беше дел и од стручниот штаб на ракометната репрезентација на Македонија.
Можеби ќе ве интерсира: