Две злата за младите борачи на Борец во Неготино

Boraci Borec turnir Negotino

Борачите на Борец освоија два златни медали на Меѓународониот турнир „Јован Димитров“ во Неготино. Стефан Павловиќ го освои првото место до 38 килограми и Аце Јовановски до 41 килограм слободен стил.

Zito akcija 640x289px

Меѓународониот турнир „Јован Димитров“ во Неготино се одржа во саботата, на кое земаа учество над 60 млади борачи од Македонија и странство. Одличните резултати на овие млади борачи од Велес се доказ за одличната работа во БК Борец.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во следниот период следуваат повеќе турнири каде ќе настапат борачите на Борец, а во подготовка е организирање на традиционалниот борчки турнир „Листон“ 2022, кој ќе се одржи во Велес на 8 октомври. Потоа следува и настап на најперспективниот борач Ердин Зејнелов на Балканското првенство за пионери во слободен стил.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: