Италија доби жена за премиер

Premierka na Italija Dzorca Meloni
Premierka na Italija Dzorca Meloni

Италија за прв пат добива жена премиерка. Тројната крајнодесничарка коалиција предводена од Џорџа Мелони е на пат да формира нова влада во Италија, сугерираат првичните резултати од вчерашните парламентарни избори. Десничарската коалицијата составена од партијата на Мелони – „Браќа на Италија“, партијата Лига на Матео Салвини и Напред Италија на Силвио Берлускони може да смета на 227 до 257 места или на апсолутно мнозинство во парламентот со оглед на тоа што освоила меѓу 41 и 45 отсто од гласовите.

Zito akcija 640x289px

Партиите од коалицијата на левиот центар ќе заостанат далеку зад десницата, со некаде меѓу  25,5 до 29,5 проценти.

Agria

Излезноста на вчерашните избори беше мала, некаде до 64,7 отсто до затворањето на избирачките места, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи. Особено мал интерес за изборите е забележан во јужните региони, вклучително и Сицилија.

Девојчето од Рим кое го фалеше Мусолини, а сега лидер на партијата „Браќата на Италија, 45 -годишната Џорџа Мелони беше скромна во изјавата за разлика од бурната кампања и им порача на италијанските гласачи дека ќе ја обедини Италија.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: