До март нема да има зголемување на цената на маслото за јадење – уверува првиот човек на велешката фабрика Кристал. Горан Лазов вели дека има добар откуп на сончогледот од Пелагонија и од индивидуалните земјоделци.
Содржината продолжува под рекламата
Фабриката за масло „Кристал 1923“ од Велес или поранешна „Маслодајна“ досега откупи 6.000 тони сончоглед од кои 1,4 од ЗК„Пелагонија“, а останатите од индивидуални земјоделски производители. Сончогледот од земјоделците фабриката го откупува по 35 денари за килограм, плус ДДВ.
Содржината продолжува под рекламата
„Кристал 1923“ најавува дека ќе ги откупи сите годинава произведени 10.000 тони сончоглед од македонските ниви.
Можеби ќе ве интересира: