Реклама

Карате клуб „Гладијатор“ со 11 медали од карате Купот на Македонија за кадети

Викендов во Охрид се одржа карате Купот на Македонија за кадети, јуниори и У-21. Купот на Македонија за кадети, јуниори и У-21 беше од изборен  карактер за репрезентација за Светското  првенство во Коња, Турција, од 26 до 30 октомври, а третопласираните освоија норма за Балканското првенство во Црна Гора во истиот месец.

Zito akcija 640x289px

Карате клубот „Гладијатор“ зема учество со 11 натпреварувачи и сите се закитија со одличја во првите три места во нивните категории. Со тоа, сите натпреварувачи добија право да ја претставуваат Македонија на балканското првенство во Бар, Црна Гора, а двајца се стекнаа со право на учество на Светското првенство во Конја, Турција.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Злато освоија Арсовска Мартина ката индивидуално јуниорки до 21 година и Бацковиќ Лука кумите индивидуално кадети, сребрен медал освоија Караманов Даниел кумите индивидуално јуниори до 21 година, Алексовска Андреа ката индивидуално јуниорки, Бунтески Марко ката индивидуално јуниори до 21 година, Чорески Хасан кумите индивидуално кадети, додека бронзен медал освоија Стојановски Стефан ката индивидуално јуниори до 21 година, Гашева Теа ката индивидуално јуниорки до 21 година, Пановски Давор кумите индивидуално кадети, Поптодоров Марко ката индивидуално машки јуниори, Димовски Марко ката индивидуално машки кадети.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/32991/tri-veleshki-kompanii-pomegu-100-te-najgolemi-vo-makedonija-po-brojot-na-vraboteni-za-2021-godina/