Жител на Росоман заврши во болница, ја скршил влезната врата на поштата, потоа нападнал и своја сограѓанка

Rosoman

Жител на село Росоман вчера го искршил стаклото од влезната врата на поштата во Росоман, а потоа нападнал жена пред продажен објект. Лицето било спроведено во Психијатриска болница во Негорци.

Zito akcija 640x289px

„На 29.09.2022 во 12.30 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода М.Ж.(46) од Росоман затоа што околу 11.30 часот со употреба на сила и остар предмет го искршил стаклото од влезната врата на поштата во Росоман, при што со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во
Кавадарци, се здобил М.К.(74) од Кавадарци, кој бил во поштата“, соопшти СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Според пријавеното, после тоа тој излегол од поштата и пред продажен објект во Росоман физички нападнал 51-годишна жена од Росоман. По лишувањето, лицето било спроведено во Психијатриска болница во Негорци.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: