Реклама

Превалец со пресврт во вториот дел за нови три бода

Prevalec Marena

Последнопласираниот тим Бучин наизглед беше лесен залак, меѓутоа фудбалерите на Превалец добро се испотија да ги освојат трите бода на домашен терен.

Zito akcija 640x289px

Со головите на Цветановски во 12 минута и Вурмески во 32, гостите ги изненадија домаќините. Со првиот гол во сезоната на Пеце Стојанов во 39 минута домаќините намалија на 1:2. Квалитетот на Превалец дојде во израз во второто полувреме и со головите на Чоков во 61 и 68 и Петровски во 76 домаќините ги освоија трите бода, за конечни 4:2.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Тежок натпревар со одличната екипа на Бучин која денес одигра одличен натпревар. Сепак квалитетот беше пресуден и дојде до израз со голем пресврт од 0:2, да се вратиме во игра, да постигнеме 4 гола и да го добиеме натпреварот“, изјави по натпреварот тренерот на Превалец Димче Маневски.

По пет одиграни кола Превалец се наоѓа на петата позиција со освоени 10 бода. Во наредното на стадионот во Превалец гостува екипата на Младост 1930 која се наоѓа на 10 место на табелата со освоен само еден бод.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33053/video-het-trik-na-levkov-kegi-mobi-ubedlivo-go-sovlada-enhalon/