Реклама

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Велешки Ронтис повторно донираше заштитна опрема за медицинските работници

Велешката компанија за медицинска опрема Ронтис викендов повторно донираше заштитна опрема за медицинските работници. Откако пред две недели, раководството на фабриката заедно со административниот персонал влегоа во погоните и сами произведоа 500 визир маски, кои ги поделија на здравствените работници во Велес, деновиве се решиле на сличен чекор.

Zito akcija 640x289px

„После првата хуманитарната донација на заштитни визири за јавните здравствени установи, поради зголемените потреби и барања, решивме овој хуман проект да добие и втора фаза. Во текот на изминатиот викенд дополнително произведовме и дониравме заштитни визири за Општите Матични лекари – Велес, Општите Матични лекари – Чашка, Приватните специјалистички ординации – Велес, Матичните стоматолози – Велес, Аптеки Еурофарм – Велес, ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија – Скопје, ЈЗО Универзитетска Клиника за кардиологија – Скопје, ЈЗУ Клиника за хируршки болести Св.Наум Охридски – Скопје, ОРЛ 8ми Септември – Скопје, Поликлиника Букурешт – Скопје, Центар за јавно здравје – Скопје, Центар за зависности Кисела Вода – Скопје, Центар за дијализа Диаверум – Скопје, Систина Нефро Плус, One Hospital – Тетово, Елмед – Скопје. Да ги поддржуваме здравствените работници и да го дадеме својот придонес во заштитата на јавното здравје!“, велат од велешки Ронтис.

Agria