Промена на цената на нафтените деривати

benziska stanica Makpetrov

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек од 0,99 % во однос на одлуката од 3.10.2022 година

Zito akcija 640x289px

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините 2,807 %, кај дизелот 3,614 %, кај екстра-лесното масло 4,615%  и кај мазутот зголемување е 1,978 %.

Agria

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,231 %.
Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 2,00 денара/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува 2,50 денара/л.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 6.10.2022 година од 00.01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 86,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 89,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 94,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 92,00 (денара/литар)

Мазут М-1 НС – 50,228 (денари/килограм)

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33095/eu-planira-da-ja-ogranichi-czenata-na-gasot/