Од наредниот викенд започнува и одбојкарското првенство на Македонија. Вo просториите на Одбојкарската федерација на Македонија се одржа ждрепка која го одреди распоредот за есенскиот дел којшто ќе трае од 15-ти октомври до првата половина на декември и ќе ги одреди патниците во борбата за титулата.
Во Првата машка лига ќе играат 11 екипи, според извлекувањето на натпреварувачките броеви, ГОК Борец, кој лани не беше дел од првата четворка, во новата сезона ќе тргне против Македонија Џио.
Содржината продолжува под рекламата
Во есенскиот дел ќе има 11 кола, екипите ќе играат секој со секого по еднаш, а потоа ќе биде формирана Втора фаза-1 со најдобрите шест екипи по есенскиот дел и Втора фаза-2 со преостанатите пет. Потоа ќе има полуфинале до две победи на првопласираните четири екипи од Втора фаза-1 и финале до три победи на поуспешните тимови од полуфиналните соочувања.
Двојките за премиерното коло се следните:
Борец – Македонија Џио
Сушево – Весна Пробиштип
Шкендија – Либеро
Петровец – Штип УДГ
Универзитет во Тетово – Лирија
Шампионот Струмица Никоб кој останува прв фаворит за титулата и оваа сезона, ќе биде слободен.
Можеби ќе ве интересира: