Силен земјотрес од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Грција. Епицентарот на земјотресот е регистриран на оддалеченост од 26 километри од градот Амфиса, главниот град на префектурата Фокида во централна Грција.
Информациите за штетите сè уште не се познати.
Содржината продолжува под рекламата
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар го намали првичното читање со јачина од 5,7 степени, соопшти дека епицентарот на земјотресот бил пет километри под површината во заливот што ја дели Грција од полуостровот Пелопонез. Земјотресот e регистриран околу еден час по полноќ и бил почувствуван дури до главниот град на Грција, Атина, на околу 115 километри.
Можеби ќе ве интересира: