27 пијани возачи санкционирани изминатата вечер во Велес

Полицијата вчера продолжи со засилените акциски контроли во Велес. МВР информира дека во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, изречени се вкупно 27 мерки на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Zito akcija 640x289px

„Во текот на изминатата вечер (09/10.10.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 173 возачи. Од нив 42 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Велес“, стои во соопштението на МВР.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесе за побезбедни патишта. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33170/zemjotres-nokeska-ja-strese-grczija/