Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) денеска препорача бугарското здружение и клуб „Иван Михајлов“ во Битола да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата.
-Ова се однесува на елементите кои предизвикуваат вознемирување врз национална, етничка основа, што е детално опишано во нашето мислење, во рок од 45 дена. Се препорачува здружението да ги отстрани содржин на својата Фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување во форма на давање и поттикување на инструкции за вознемирување поврзани со ликот, делото на личноста Иван Михајлов во најкус можен рок, но не подолг од 30 дена. Најважно е дека се препорачува Министерството за правда да изврши надзор над законитоста на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации, изјави Весна Бендевска, член на КСЗД.
Ова следува откако на 4-ти август годинава, КСЗД изврши увид во клубот од Битола. Бендевска е известителка за овој предмет, по претставка поднесена од Сојузот на борците – ОО Битола од народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 година.
-Комисијата нема законски надлежности да затвора. Таа утврдува или не утврдува било каква форма на дискриминација. Во предметов утврдивме потешки форми на дискриминација од здружението во Битола. Комисијата утврди индиректна дискриминација од Министерството за правда, затоа што му овозможило со регистрацијата на ова здружение, да се вознемири поголема група граѓани. Комисијата е должна да предложи и препорача начин на отстранување, истакна Бендевска на прес-конференција.
Можеби ќе ве интересира: