Викендов кој е пред нас е резервиран и за почеток на натпреварите во Втората лига-мажи. Натпреварување кое во периодот на паузата донесе измени, пред сè, во изборот на екипите, вкупно 12, кои ќе се борат за местата кои водат во повисокиот ранг на натпреварување – оној елитниот.
Една од екипите кои ќе се натпреваруваат во Втората кошаркарска лига е и екипата на Борец Баскет. Во премиерниот меч тие на домашен терен во недела ќе ја пречекаат екипата на Баскет Кам. Натпреварот ќе се одигра во салата „Гемиџии“ со почеток од 17 часот.
Содржината продолжува под рекламата
Системот за натпреварување останува непроменет. Односно по 22. одиграни кола, првопласираните осум екипи влегуваат во плеј-офот, во кој најдобрите две ќе се стекнат со статусот на прволигаш.
Можеби ќе ве интересира: